Радио Милева за реалноста

Бока Конга за „Бекстејџ“: „Ако си успешен сите те плукаат, ако не си успешен си небитен“

Бока Конга за „Бекстејџ“: „Ако си успешен сите те плукаат, ако не си успешен си небитен“

Во едно од поновите изданија на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, гостин пред камера беше македонскиот музичар, Бојан Стојанов, познат како мајсторот за конги Бока Конга.

Тема за разговор беше менталитетот на нашето општество, особено на естрадата и тоа како некој се доживува, етикетира, поддржува или спротивното.

Бока сосема реално го постави своето гледиште на гореспоменатото, па кажа:

-Жално е што ние сме една таква нација што никој не ти дава поддршка, само гледаат да те исплукаат како е… пазете, ако си успешен, сите те плукаат, ако не си успешен си небитен. Значи тоа секогаш е така, дека она што е наше, а многу квалитетни изведувачи имаме, многу квалитетни пејачи и артисти и сe’!- кажа тој.

 

Инаку, Бока Конга важи за еден од најбараните музичари на свадбени веселби, особено популарен кај припадничките на понежниот пол.

Македонската естрада не ретко знае да го покани да биде дел од нивните спотови и музички проекти.

 

фото:Instagram printscreen/ bokaconga/backstage_macedonia

To top