Радио Милева има ли „пилот“ во автомобилот?

Кога Тамара ја вози Тијана гледано од секое гледиште, на постарата сестра и доаѓа да остане „шлогирана“ во совозачкото седиште (ВИДЕО)

Кога Тамара ја вози Тијана гледано од секое гледиште, на постарата сестра и доаѓа да остане „шлогирана“ во совозачкото седиште (ВИДЕО)

Тамара и Тијана ретко се задно, зашто живеат во различни градови, држави, на раздалечина која не е и така голема, ама сепак ги спречува постојано да ги делат заедничките мигови како некогаш, кога беа мали девојчиња и подоцна тинејџерки.

Но, затоа пак кога ќе имаат можност и прилика да се видат, речиси е невозможно да не им е забавно… И ним и на сите околу нив.  Или не е баш така?

И не е, особено кога Тамара е зад воланот па ја вози Тијана. Е тогаш збавата е резервирана само за возачот, а стравот и паниката завршува кај постарата сестра! Зашто Тамара е „доволно луда“ да вози по свое, а  Тијана која е и онака плашлива, тоа ја излудува до ниво на хистерија. Така барем тврди самата. И не само што тврди туку тоа и сликовито го потврди со една „AI“ видео илустрација на која мачката е зад воланот, а песот – Хаската го бере стравот.  Таа го излудува , а тој квичи, цвили, побудалува!

„Јас кога ме вози Тамара Тодевска“ – споделила во клипчето Тијана.

„Тијана, можеше ли да бидеш иста со Хаскава?“ – ја прашува Тамара, потврдувајќи ја теоријата дека кога таа ја вози Тијана, гледано од секое гледиште, на постарата сестра и доаѓа да остане „шлогирана“ во  совозачкото седиште!

Дека ова не е само „рекла-казала“ потврдува и  една вистинска ситуација, кога сестрите беа снимени, додека Тамара ги покажува своите шоферско-тркачки вештини! Доживувањето на совозачот може да се опише само со коментар во една реченица:

Тамара зад воланот онака дива и уште повеќе осоколена, а Тијана на совозачкото седиште со падната вилица до колена, имаше потреба од пелена!

Фото и видео: Инстаграм/tijana.dapcevic/tamaratodevska

 

 

To top