14-ти февруари или Св. Валентин, за оние што ќе го прескокнат Св. Трифун… Годинава паѓа за викенд. Во сабота!
Денот на вљубените, во кој љубовта се споделува повеќе од вообичаеното, се покажува со внимание, подароци, размена на чувства и нежности… Најчесто во пријатна ресторанска атмосфера, со добра закуска, чаша вино и влажни погледи на вљубените партенери.
А потоа… второ полувреме, во кое „влажноста“ добива поинаква димензија. Во кое волшебната игра на сетилата го започнува својот љубовен танц, па емоциите сами итаат во прегратка на страстите, чиј наплив предизвикува бура од слатки воздишки и кулминација од задоволства… Амор и Ерос кај и да е, наздравуваат со црвено вино, додека го прославуваат чинот, поскаувајќи тој што подолго да трае!

Понежниот пол е оној кој треба да се допадне, привлече, намами, предизвика, освои, „запали“… А посилниот да почести! Но, таквата претстава потребно е да имата со кого да ја изиграте. За танго се потребни двајца, особено за љубовно!
Но, што ако сте сами, ако сте соло или поточно сингл?

Токму на оваа тема чешитата Марија Луиса Тодоровска за сите „осамени души“ кои за Валентајн немаат кого да гушнат, го има одговорот кој едвај чекаат да го слушнат!

Пејачката во монолог на своите Инстаграм приказни ја прераскажа една од „мудрите мисли“ на Грунф, ликот од култниот стрип „Алан Форд“, преточувајќи ја во своја теорија за љубовната самотија!

А поентата на одговорот лежи токму во првата реченица на почетокот од текстов… Дека Денот на вљубените годинава паѓа во сабота. И тоа не било која. Зашто оваа сабота е таканаречена „мртва сабота“ или во народот позната како задушница! А и ден пред, сабота е петок… Само што овој е петок 13-ти!
Марија само ја прераскажала Грунфовата теорија дека да си сингл за Денот на Вљубените оваа година воопшто не е трагедија, зашто: „Не е важно дали си сам на Денот на вљубените… Поважно е да си жив на Задушница“! Утешно, нема што!

Фото: freepik/Youtube/Instagram/luisa.todorovska





