Радио Милева невообичаено висока исплата

Бастијан Швајнштајгер по разводот со Ана Ивановиќ секој месец ќе прави вртоглава уплата за алиментација

Бастијан Швајнштајгер по разводот со Ана Ивановиќ секој месец ќе прави вртоглава уплата за алиментација

По десет години заеднички живот со Бастијан Швајнштајгер, Ана Ивановиќ минатата година поднесе барање за развод со Бастијан на Мајорка, како и барање за алиментација.

Според медиумите, поранешните сопружници дури и не сакаат да се сретнат во судницата, поради што преку своите адвокати побарале постапката да се заврши што е можно поскоро.

Според германските медиуми, судот брзо реагирал кога станува збор за алиментацијата, а сега е познато колку изнесува таа. Судијата донел одлука според која Швајнштајгер е должен да плаќа 15.000 евра по дете месечно, што е околу 540.000 евра годишно.

– По разводот, Бастијан Швајнштајгер мора да плаќа за луксузниот животен стил на Ана на Мајорка. Поранешната спортска двојка живее во луксуз, а колку пари се потребни за нивните синови стана јасно на судската постапка на Мајорка по нивниот развод. Судијата ја одреди месечната алиментација на 15.000 евра по дете, повеќе од половина милион годишно. Тоа се приближно девет просечни бруто годишни плати за вработени со полно работно време во Германија – пишува порталот Бунте, како што објави Блиц.рс

Износот е утврден како дел од таканаречената привремена мерка пред судска постапка, што е вообичаена практика во Шпанија при разводи во кои се вклучени малолетни деца. Иако постапката за развод се води во Минхен, Ана Ивановиќ живее со своите синови Лука (8), Леон (5) и Тео (2) на Мајорка.

– Судот ги оправда невообичаено високите исплати на алиментација со значителните финансиски средства на Бастијан Швајнштајгер и трошоците за живот што ги имале децата пред разводот. Според судот, семејството Ивановиќ-Швајнштајгер трошело помеѓу 6.000 и 7.000 евра месечно само за храна. Судот ги зел предвид исплатите на градинар, готвач и две чистачки, како и фактот дека секое дете има дадилка. Исто така, земени се предвид и високите приходи на Швајни, за кои судот изјави дека е тешко да се утврдат бидејќи поранешниот победник на Светското првенство плаќа даноци во Германија, наведува споменатиот германски портал.

фото:Instagram printscreen/ anaivanovic

To top