Радио Милева решена дилема

Азис се венча во Америка со партнер од истиот пол

Азис се венча во Америка со партнер од истиот пол

Бугарскиот пејач Васил Тројанов Бојанов, попознат како Азис, вчера објави среќна вест.

Имено, пејачот стапнал на лудиот камен во Соединетите  САД, а фотографијата што ја објави предизвика лавина од коментари на Инстаграм.

На објавата можеше да се види дека до неговата има рака на друг маж, а со оглед на тоа што за сексуалната определба  на Азиз се дебатира со години, ова ја скокоткаше љубопитната јавност уште повеќе.


Сепак, мистеријата е решена, а Азис сега јавно објави дека стапнал во брачна заедница со припадник од ист пол.

– Денес е ден на сопругот во Америка, ништо не е случајно во оваа земја – напиша тој и истакна колку е среќен.

Азиз ги воодушеви луѓето со своите потези во текот на целата музичка кариера. Кога се појави на сцената, се облекуваше како жена, се шминкаше, се сликаше, облекуваше чевли, но и покрај таквото шокантно однесување, никој не можеше да го оспори неговиот талент за пеење. Многу брзо, тој стана еден од најпопуларните изведувачи низ целиот регион, објавувајќи хит по хит до ден-денес. Тој отсекогаш отворено зборувал за својот живот, не криејќи ја својата сексуална ориентација, како и за тоа што имал деца со својата најдобра пријателка.

Имено, во еден момент, Азис направил голем пресврт во својата кариера, ја симна маската на жена и ја покажал својата вистинска личност. Редовно оди во теретана, има безброј тетоважи на телото, а црната коса и брада се неговиот израз. Сепак, таа љубов била краткотрајна, и набргу по разводот, познатиот пејач ја добил ќерката Раџа.

фото:Indtgram printscreen/azis_online_new

To top