Новата сезона Националниот џез оркестар ја отвора на 30 јануари во Филхармонија (20 часот) со концерт со гудачкиот ансамбл, составен од музичари на Националната опера и балет.
Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова звучна димензија, велат од НЏО.
Под диригентство на маестро Џијан Емин, ќе бидат изведени авторски композиции на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Џијан Емин, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Георги Шарески, со солистичко учество на Кирил Кузманов на саксофон и флејта, како и Бојан Цветковиќ на пијано
Како драг гостин на вечерта ќе настапи нашиот пријател Георги Шарески — гитарист и композитор, чиј израз и музички сензибилитет природно се впишуваат во звучниот карактер на оваа концертна програма.
Ве покануваме заедно да ја споделиме оваа вечер – вечер во која музиката зборува сама за себе и нè носи надвор од секојдневниот ритам, додаваат од НЏО.







