Викендов осамна веста дека почина последниот крал на италијанската мода. Последниот член на „светото тројство“. По Версаче и неодамна Армани, од пистата замина и Валентино Гаравани.
Нашата позната убавица со интернационална кариера како манекенка и модел, Катарина Ивановска, беше меѓу привилегираните што ги носеше неговите креации на пистите низ модните метрополи.

Богата галерија од фотографии и видеа од ангажманите за Версаче, Катарина како последен поздрав за голениот моден владетел како што го нарече, таа сподели на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Да се биде дел од модната романтика на Валентино е вистинска чест! Ревиите и едиторијалите за Валентино стојат од портфолиото на нашата успешна Македонкакои ги имаше во екот на својата кариера.
Од своите почетоци во Рим кон крајот на педесеттите години, Валентино остана постојана референца за убавина, моќ и софистицираност.
View this post on Instagram
Неговото име е постојан синоним за романтика, луксуз и прецизност, а неговата етикета беше посакувана од принцези, филмски диви и сите жени кои ја гледаат модата како израз на сопствениот идентитет, како свое второ јас.
Еден од најдолговечните и највлијателни креатори, вечен љубител на убавината, верен на ерата и начинот на живот „долче вита“ до последниот час!
фото:Instagram printscreen/katarina_ivanovska/ realmrvalentino






