Радио Милева важна поука за сите нас...

Сузана Турунџиева: Мора да се подесиме себе си на вистинската фреквенција, зашто ние сме радиоапаратот

Сузана Турунџиева: Мора да се подесиме себе си на вистинската фреквенција, зашто ние сме радиоапаратот

Македонската пејачка и ТВ водителка Сузана Турунџиева ја води најважната битка во животот. Со обете раце цврсто ја држи и не ја испушта шансата за нов живот откако минатата година ѝ беше воспоставена  сериозна дијагноза.

Турунџиева знаеше да каже дека иако судбината честопати занаела да и подели лоши карти, таа научила како да одигра добро и разумно.

„Ни во сон не можев да претпоставам дека некогаш ќе ми биде дијагностицирана сериозна дијагноза, мене, која цел живот се трудам да живеам и да се хранам здраво. Во изминативе месеци сфатив дека поважно од тоа што јадеш било тоа што те јаде! Па, така, со силна верба во Бога и се разбира со верба во медицината имам привилегија да живеам нов живот, во кој на првото место сум јас, па сѐ друго“-  зборуваше Сузана.

По тешката дијагноза со која успеа да се избори, Турунџиева сега сподели нова порака на својот Фејсбук профил која е важна поука за сите нас.

„Моќта на Универзумот продира низ нас. Ние проектираме и привлекуваме енергија. Квалитетот на енергијата која ја привлекуваме се заснова на квалитетот на енергијата која ја испуштаме. Како што радио станицата емитува сигнал на одредени фреквенции за да воспостави сигнал, така НИЕ мораме да го подесиме апаратот на таа иста фреквенција, иначе нема да ја најдеме саканата станица.

Ние сме радио апаратот! Затоа, за да ги привлечеме настаните кои ги посакуваме, нашето делување мора да се заснова на искрено самовреднување и почит спрема себе и сопствениот живот. Ние мораме да створиме длабоко уверување дека тоа што го сакаме, тоа и вистински го заслужуваме! Во спротивно “радио апаратот” не успева да ја пронајде саканата “станица”- напишала и споделила таа на својот фејсбук профил.

Фото: Фејсбук/Suzana Turundzieva

To top