Мегафон Петок, во 11 часот во ресторан Пелистер

PRESS конференцијата по повод одржувањето на „Вевчанскиот карневал 2026“

PRESS конференцијата по повод одржувањето на „Вевчанскиот карневал 2026“

Почитувани колеги и претставници на медиумите,

 

Имаме особена чест и задоволство да Ве поканиме на ПРЕСС – конференцијата по повод одржувањето на годинашното издание на „Вевчанскиот карневал 2026“, една од највпечатливите и најстарите културни манифестации во Македонија и регионот.

ПРЕСС конференцијата ќе се одржи на 9-ти јануари 2026 година (петок) , со почеток во 11:00 часот  во  Ресторан „Пелистер“ Скопје.

 

На прес-конференцијата ќе бидат презентирани:

  • Деталната програма за деновите на карневалот (12 – 14 јануари 2026).
  • Музичките изведувачи кои ќе ги забавуваат посетителите.
  • Информации за организацијата, безбедноста и очекуваниот број на гости.

На вашите прашања ќе одговараат претставници од Општина Вевчани и членови на организациониот одбор.

Вевчанскиот карневал е повеќе од настан – тој е спој на пагански обичаи, современа сатира и уникатен македонски непокор. Вашето присуство и известување се од исклучително значење за промоција на ова заштитено нематеријално културно наследство.

Го очекуваме Вашето присуство!

 

To top