Македонската ТВ водителка и екс пилатес инструкторка Снеже Велков дефинитивно има ем чудни, ем необични навики. Особено за поедини големи верски празници, кога навиката и преоѓа во ритуал… Посветена на замисленото и годинава секако, Снеже реши да го реализира истото.
Бадник е денот пред големиот христијански празник – Божиќ, кога многумина вртат лепче или пита и ја бараат скриената паричка за благодет и среќа, а само Снеже Велков и на тој ден се капе. Ама не под туш, во топло џакузи или када, туку како и секогаш последниве години на овој датум, во студените морски води на Егејот!

Па водителката за деновите на Рождеството Христово, за време на празничниот престој во јужното соседство повторно заврши во морето. Студената вода за сите смрзнувачка, за неа предизвикувачка… Иако навидум слабичка и нејака, она што повеќето не би го направиле ни за жива глава, Снеже го прави без мака… И тоа не заради фалење и слава, туку заради продолжување на соптвената традиција што самата си ја задала: На Бадник да се капе во студената морска вода!

Само што годинава како лани, не споделила фотографии и видеа од влажната бадникова авантура, туку само ја спомена купката во морската вода ладна, откако се пофали дека овој пат кај неа паричето на Бадник се падна! А и паричето не било какво, барем од сликата наликува дека е златно?!

Арно ама, дека „кармата е кучка“ уште еднаш се покажа огледана во старата добра поговорка која датира уште од времето на бабите: „Кој се капе во студена вода ќе му смрзнат забите“!
Дали од капењето во студеното море или Снеже подоцна тргнала да го гризне паричето за да провери дали навистина е златно, па отиде пломбата – ситуацијата не е позната… Ама затоа сега сите дознаа дека другото утро на Божиќ, додека сите славеа, Снеже Велков ја мачеше неподнослива забоболка!

Откако сфатила дека аналгетикот не помага, водителката тргнала да бара чаре за маката. Во Грција стоматолошките услуги прескапи, па зато и Грците доаѓаат кај нас да (по)права(а)т заби. А најблиску до нивната и наша граница – е секако Гевгелија.
Арно ама, празник е, налет парите, неработен ден и никој не е отворен, а најмалку забарите. Стоматолошките ординации во градот, нив 20 – сите под клуч додека болката ја мачи се’ посилно, а Скопје и се гледа така далеку и недостижно.
Но, што е Господ – никој не е, па не попусто и се падна паричето за да и носи среќа на русокосата убавица, која конечно среде Гевгелија успеала за празник да налета на отворена забна ординација! Докторката прекрасна (а каква да биде, на таа мака гарант како божица и се виде)… Забот среден, денот разубавен… А благодарноста – јавно обзнанета за нејзиниот спасител – Др. Елена!

Конечно, штом Снеже Велков од студената бадникова морска купка не доби покачена температура со треска… И насмевката сега може да блеска!

Фото: Инстаграм/velkovsneze







