Радио Милева Дали е до слонот, до полот или до раката?

Македонскиот модел и инфлуенсерка Илариа Кирилова и фолкерката Џесика Палашоска на Тајланд го галеа слонот по сурлата, само што кај двете тој различно изреагира?

Македонскиот модел и инфлуенсерка Илариа Кирилова и фолкерката Џесика Палашоска на Тајланд го галеа слонот по сурлата, само што кај двете тој различно изреагира?

Македонската манекенка, топ модел и инфлуенсерка, Илариа Кирилов замина на инфлуенс патување со една наша туристичка агенција на Тајланд. Друштво и правеше и една македонска пејачка, која во последно време наместо микрофонот очигледно в рака се’ повеќе го држи телефонот, па се’ почесто ја гледаме на слики и клипчиња на социјалните мрежи, а се помалку на некое ново музичко видео или пак ја слушаме на радио, но сеедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilaria Kirilov (@ilariaakirilov)

Тајланд важи за магична дестинација, каде најпрвин ќе ве опчини природата, а потоа и културата, начинот на живот, животинскиот свет… Ова последново особено им фаќа око  на многу туристи, па така и на нашата Илариа која реши да си направи фотосесија со слонот, за спомен и долго сеќавање.  А слоновите во Азија неретко се припитомени и ги третираат како домашни животни, па затоа не е ни проблем да им се приближите, гушнете, погалите, јавнете…

Нашата расна убавица овој пат не го јаваше, ама затоа не пропушпти слонот да го гушне и погали, да си поигра, па дури малку и да го истрие во водата со калта во која големиот џин обожува да се валка.

Таа во едноделен костим за капење со леопардов принт, а слонот во своето природно окружување започнаа заедничко уживање. Малку галење, малку гушкање со нежните дланки, особено  по сурлата за обострано задоволство и на слонот и на манекенката.

Се разбира и понекое селфи образ до образ, фатена со двете раце за сурлата, за гушкање и размена на обострана љубов на прв поглед  и топли прегратки за збогум.

Но, Иларија не е ниту првата, ниту единствената позната Македонка која на Тајланд се капеше, гушкаше и сликаше со слонот.

Имено, пред некоја година македонската фолкерка Џесика Палашоска ја направи истата работа, на истата локација.

Само што за разлика од Иларија, кога Џесика го галеше,  на слонот  среде „забавата“ му се наежија сите влакна… на главата!

Овој на Иларија остана некако поприбран… Дали фасциниран од нејзината вонвременска убавина или збунет од сексапилната понуда, слонот за разлика од оној на Џесика, не покажа некоја особена возбуда! Дали е до слонот или е до полот? Можеби ова и не беше слон, туку слоница, па затоа?

Како и да е,  кога животот ќе ти даде можност да се капеш со слонови и слонот да го погалиш по сурлата, тогаш е сигурно дека обајцата уживате и во капењето, особено слонот во галењето!

Илариа или Џесика, сеедно… Колку и да е воздржан, сигурно е дека и тој сака, зашто не се случува секој ден да го погали по сурлата, нежна и мека женска рака!

Фото: Инстаграм/jessicapalash-архива/ilariaakirilov

 

 

 

To top