Тијана Дапчевиќ беше гостинка во поткастот на српски „Скандал“ каде откри разни нешта, меѓудругото и дека во минатото посетувала психијатар, поточно психолог и тоа во два наврати.

Познатата македонска пејачка и актерка вели дека за прв пат била на третман кај психолог кога ѝ се развеле родителите, но подоцна една личност толку лошо влијаела на нејзиното ментално здравје што морала повторно да побара помош.

„Никогаш ништо лошо немам доживеано од некој од колегите. Но имам од некои луѓе кои се тесно поврзани со естрадата. Ми се случи да доживеам непријатност од, не е важно кого, која толку ме вознемири што повторно завршив на психотерапија… Pо втор пат, после онаа кога ми се разведоа родителите“ – раскажува Дапчевиќ.

Но, македонската пејачка со српска адреса на живеење нагласи дека не станувало збор за никакво физичко злоставување.

„Никој мене не ме нападнал. Не беше во прашање си*ување, не е нешто во таа конотација. Но беше нешто многу полошо и апсолутно свесно и намерно ми беше направено“ -раскажаТијана одбивајќи да објасни што всушност конкретно се случило, а уште помалку сакаше да го открие идентитетот на личноста што ѝ нанела такава психичка болка.
Фото и видео: Svet&Scandal






