Ви подаруваме примероци од новата книга „Империја на страсти oд Рина Кент, во издание на Матица Македонска (2025).
📖 Кратка содржина:
Од авторката на бестселери на Њујорк тајмс и феноменот на БукТок, Рина Кент, пристигнува возбудливиот серијал Империја, свет во кој се судираат моќта, опсесијата и забранетите желби.
Мојот забранен сопруг. Го бакнав најдобриот пријател на татко ми и сè тргна наопаку. Не само затоа што е осумнаесет години постар од мене, туку и затоа што бакнежот воопшто не му се допадна. Нималку. А, јас? Не планирав да се вљубам во него, едноставно се случи. Натаниел Вивер е најпривлечниот маж што некогаш сум го видела, со харизма која засенува сè околу него. Тој е поголем од сè, а светот му припаѓа нему. Едната половина е веќе негова, додека другата безусловно се предава на неговата моќ.
Забранет и погрешен. И токму затоа, неминовен. Па, се убедував дека го преболев и дека не ми значеше ништо. Сè додека не дојде моментот кога бевме принудени да се венчаме.
Одеднаш, се најдов заробена во брак што никогаш не го посакував, барем не на тој начин. Но, не бев единствената. Можеби и тој заврши во истата стапица.
Бидејќи и двајцата посегнувавме по истиот забранен плод што висеше меѓу нас, недостижен, но толку примамлив.
„Империја на страсти“ е самостоен роман што целосно ја раскажува својата приказна и не бара читање на претходни книги.

🏆 Награда:
Добитникот ќе добие една книга „Империја на страсти oд Рина Кент, која може да ја подигне во книжарницата Матица Ексклузив, ул. Ѓуро Стругар бр. 13 (покрај Министерството за финансии). Контакт телефони: 02/3226652 или 02/3221 138.
👉 Како да учествувате?
-
Лајкувајте ја фан страницата на Вистина: facebook.com/vistina.com.mk
-
Во коментар тагнете пријател/ка.
-
Споделете го овој пост на вашиот профил.
✅ Секој учесник може да остави повеќе коментари и да тагне повеќе пријатели (со тоа си ги зголемува шансите за добивка).
📌 Правила на игра:
-
Giveaway-от трае до 08.12.2025.
-
Добитникот ќе биде избран по случаен избор и ќе биде известен во порака од фан страната на Вистина.
-
Наградата не може да се заменува за пари или друг производ.
-
Секој добитник лично ја подига книгата во книжарницата Матица Ексклузив.







