Елена Велевска важи за една од најсексапилните и најбараните фолк пејачки во Македонија. Овој пат, таа ги изненади своите следбеници со поздрав од прекрасниот Охрид, каде што престојуваше неколку денови.

Од таму сподели провокативни фотографии кои веднаш им го разубавија денот на нејзините верни обожаватели.

На фотографиите доминираше нејзиниот краток црвен фустан што совршено го потенцираше нејзиниот заводлив изглед, додека мајсторски нанесената шминка ја истакна нејзината убавина и изразени црти на лицето.

Свесна за својата привлечност, Елена во еден момент прошета и низ студиото кај својата омилена стилистка, а видеото собра многу лајкови и позитивни коментари. Очигледно, Велевска повторно успеа да го задржи вниманието и восхитот на својата публика.
View this post on Instagram
Foto: print screen/Instagram







