Тијана Дапчевиќ во интервју за каналот „FullScreenMedia“ за Јелена Карлеуша го изјави она што веројатно многумина не го очекуваа од неа, особено зашто ја споменува „мала од скандала“ која добропознато е дека нема соприрачки кога соперникот е во прашање.
– Таа е некој што во еден момент го измисли шоу-бизнисот, некој што можеше да биде ЧАО, но сега веќе не може – рече Тијана Дапчевиќ, а на прашањето на новинарот зошто, таа додаде:
– Затоа што тоа повеќе не е Јелена што ја познавам. Помина долго време откако таа Јелена што ја познавам и имав можност да се дружам со неа пред многу години и многу ја сакав. Гледајте, многу ја сакав, но мислам дека се случија д-р Џекил и г-дин Хајд, немам емоции, навистина немам емоции за неа – рече Тијана Дапчевиќ, додавајќи дека некогаш нема да има проблем да разговара со Карлеуша, но тоа не е тоа и таа нема емоции.
На Карлеуша не ѝ се допаднаа овие зборови, која рече дека никогаш не била пријателка со Тијана и дека едвај знае која е таа.

– Искрено, едвај знам кој е оваа личност… а камоли дека порано се дружев со неа. Разбирам дека моето име се користи за да се добие наслов во медиумите, но отиде предалеку – напиша Јелена Карлеуша на социјалната мрежа Фејсбук.

Карлеуша очигледно беше затечена од ваквиот коментар на Тијана, па сосема заборави дека социјалните мрежи, а и на видео платформата Јутјуб, стои како доказ дека навистина се познаваат, а се дружеа и пред камери пред седум години кога Тијана го имаше своето шоу „Вечер со Тијана“ на сега згаснатата телевизија на Боки 13 , 1 ТВ.
Ама, денес „ветерот дува“ во друг правец, како за едната така и за другата. Тијана транспарентна и искрена за тоа што мисли и каков и е ставот, а Карлеуша пак како и секогаш подготвена за „војна“ ако некој каже нешто кое нејзе не и се допаѓа.
Ќе заврши ли тука ова соперништво или ќе премине на ново ниво, останува да видиме…
фото:Instagram printscreen/mega.zvezda.jk/tijana.dapcevic







