Радио Милева збунета

Карлеуша раскажа дека своевремено добила непристојна понуда од Тони Цетински, а тој не остана имун да го каже своето

Карлеуша раскажа дека своевремено добила непристојна понуда од Тони Цетински, а тој не остана имун да го каже своето

Јелена Карлеуша неодамна проговори за колегите кои ѝ се додворувале, а во таа прилика спомена две имиња, Тони Цетински и Саша Матиќ.

Цетински не беше имун на изјавата на пејачката, а одговорот веднаш следеше.

– Немам што да коментирам, освен можеби два збора, кои се: лош обид – рече тој.

Да ве потсетиме, Јелена Карлеуша се потсети на забавата што беше организирана по доделувањето на наградите во Бања Лука, кога, како што тврди, Цетински ѝ дал непристојна понуда.

– Бев на Оскарите, тоа беше одамна, во салата „Борик“ во Бања Лука. Таа вечер ме „муваа“ тројца, но ќе изберам еден. Ова е катастрофа, но не ми е гајле. Му го правам животот на човекот пекол, но не е важно. Бев последна што настапи, а имаше забава за нас учесниците во еден ресторан. Дојдов опкружена со обезбедување, а сите тие пејачи веќе беа таму, пијани… Влегов, веќе е лудница. Селма Бајрами наголемо пее. Организаторот ме натера да седнам сама, како да не припаѓам во тоа друштво. И седам на масата, јадам зеленчук – раскажа таа низ насмевка , а потоа продолжи:


– Додека јадам, слушам „кс, кс“. Погледнувам кон шанкот и го гледам Тони Цетински. Погледнувам зад мене – ѕидот. Му покажувам со рака дали ми зборува, тој кимнува со главата и шепоти „ти, ти“, потоа ми праќа бакнеж. Збунета сум, не знам што да кажам, а тој покажува со главата нагоре. Бевме во ресторан кој беше дел од мотел со соби погоре, и тој ме покануваше во собата. Покажува како: „Ајде да одиме горе“. Никој досега не ме поканил во таква соба. Само тивко и учтиво му реков: „Дозволи ми, благодарам“, и тоа беше тоа. Но, морам да кажам – пофалби за неговата храброст. Тогаш не се познававме, раскажа Јелена.

фото:Instagram printscreen/ mega.zvezda.jk/tonicetinski

To top