Една стара скопска поговорка вели: „После ‘онадуење’ нема каење“! Зашто големо прашање е дали вреди? Или е како жив песок… Што повеќе мрдаш, повеќе тонеш… Во случајов што повеќе пробуваш „да се вадиш“, уште повеќе ќе се закопаш!

Така некако по се’ изгледа му доаѓа објавата на фолк ѕвездата Сузана Гавазова на нејзиниот Фејсбук профил, во која се обиде да го оправда својот неодамнешен, потег, кој според многумина беше непромислен, кога во лајвот со Боки 13 и извесен јутјубер Ритко, овој првиот ја наговори да му ги покаже голите гради на овој вториов.

Патем, целиот лајв изобилуваше со вулгарности и недолични муабети, што ја изреволтираа јавноста, па социјалните мрежи експлодираа и на нив пуздер ги сторија тројцата протагонисти, особено пејачката која отпосле и самата сфатила дека со појавувањето во лајвот ништо не добила, туку само се избламирала.

Откако се крена голема бура по нејзината топлес авантура, сега Гавазова тргна да се извинува. Видела дека предизвика цунами од негативни реакции и коментари на своја сметка, па македонската пејачка се огласи со своја Фејсбук објава.

Во неа Гавазова им се заблагодарува на нејзините обожаватели и следбеници за поддршката, но и упатила јавно извинување до колегите и соработниците кои се почувствувале навредени од содржината на лајвот. Фолкерката откри дека во моментов поминува низ тежок период и дека целиот настан дополнително ја вознемирил, и нанел дополнителна болка и ја растажил.


„Здраво на сите. Чувствував потреба да ви се обратам и искрено да ви се заблагодарам на сите што ми испративте пораки со пофални зборови, а јас од срце ви благодарам за сите топли и искрени зборови. Вашата поддршка навистина многу ми значи, особено сега, кога поминувам низ тежок период. Лајвот со Боки ми донесе многу немир, па затоа се чувствувам болно и многу тажно. Тој лајв беше замислен исклучиво како забава – да ве насмееме и да се дружиме на еден природен и опуштен начин. Од мое име се извинувам до сите колеги и драги соработници кои беа навредени или опсувани. Искрено, не знам дали Боки ќе се извини, па затоа почувствував дека јас морам да го сторам тоа. Што се однесува до Ритко – сè беше чиста шега. Целта беше само да ве забавуваме, и ништо повеќе“ – споделила во постот Гавазова на својот Фејсбук профил.

Да си ја сфатиш грешката, да ја признаеш и да се извиниш, секако дека е повеќе oд доблесно.

Но, само ако штетата што сам себе си си’ ја направил не е толку голема што прашање е… После „онадуење“ вреди ли каење?
Фото: Инстаграм – архива/suzanagavazova/Јутјуб



