Пејачот Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Марина пред една година се реалириаа како родители по вторпат, ланскиот месец ноември им донесе втора среќа – ќеркичката Емилија.
Сега, по 12 месеци исполнети со дупла радост и среќа, но и предизвик да се биде родител на две малечки дечиња, на ред дојде повторно да се слави, роденденот на ќеркичката, но и нејзината крштевка.

Повод за мама Марина и тато Даниел да ги поканат најблиските на на чело со кумот за да се направи црковниот обред за малечката да ја прими верата Христова.

За роденденот и крштевањето како почеток на духовниот живот, духовното раѓање за вечност, се кренаа чашите за здравица во име не малата Емилија Кајмакоска.

Тато Даниел стопен од среќа стопен до наследничката, а мама Марина пак возвишена од најубавите чувства за една жена да се имаат до себе синче и ќерка кои растат пред нејзините очи.
За потсетување, Даниел и Марина синот Стефан го добија на почетокот на 2023 година, а по една година и ќеркичката.

Пејачот има уште еден син, Давид, од првиот брак со Кристина Димитри.
фото:Instagram printscreen/daniel_kajmakoski



