Радио Милева храбар и модерен дедо

Гоце Тодоровски се реши на чекор што на пензионер не му доаѓа ни на сон: Со еден потег покажа дека не секогаш важи она „се’ во свое време“

Гоце Тодоровски се реши на чекор што на пензионер не му доаѓа ни на сон: Со еден потег покажа дека не секогаш важи она „се’ во свое време“

Легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, го направи тоа што многумина би го сметале како неочекувано за еден пензионер, особен зашто тетовирањето му е за првпат.

Гоце на свои 73 години се реши да тетовира крст и ангелски крилја на левото раме.

Во своите пензионерски денови, Гоце покажа дека возраста не е пречка за личен израз и нови искуства, а и дека не важи онаа народната „се’ во свое време“.

Познатиот тату артист Парлов го документираше овој процес за на социјалните мрежи, привлекувајќи внимание кај следбениците и своите клиенти.

-Огромна чест ни е што денес тетовиравме една огромна легенда како Гоце Тодоровски. Голема благодарност што се одлучи за нашето студио, стои во описот на објавата.

За потсетување, минатиот месец Гоце Тодоровски ја доби наградата „23 октомври’  за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Македонија.

фото:You tube printscreen/ Македонски Народни Приказни

To top