Пејачот Дарко Лазиќ често е мета на шеги поради неговиот бурен живот, а во последните недели повторно го привлече вниманието на јавноста по уште една несреќа.
Бројни мемиња и фотографии кружат на социјалните мрежи, а самиот Дарко постојано се шегуваше за своите сообраќајни несреќи.
Еден пријател го сликал Дарко како седи на автобуска станица, алудирајќи дека сега користи јавен превоз наместо да вози автомобил. Фотографијата насмеала многумина, а пријателот се пошегувал на негова сметка.

За потсетување, Лазиќ и неговата сопруга Катарина доживеале сообраќајна несреќа на 25 септември 2025 година.
Иако веднаш по несреќата изјавил дека не пиел, Лазиќ во времето на несреќата имал ниво на алкохол во крвта од 1,93 промили. Подоцна признал пред камера дека испил „неколку пијалоци“.
По несреќата, на Дарко мораше да му ја зашијат главата и да му стават 15 конци.
фото: printscreen/instgaram







