Радио Милева љубов на дистанца

Нејзе уште претходно и го отвори срцето, а на Макфест ја отвори душата, па призна дека по разводот е во врска со оваа кавадарчанка: Пејачката Тијана Димова е новата девојка на Јован Јованов (ФОТО)

Нејзе уште претходно и го отвори срцето, а на Макфест ја отвори душата, па призна дека по разводот е во врска со оваа кавадарчанка: Пејачката Тијана Димова е новата девојка на Јован Јованов (ФОТО)

Јован Јованов кој пред десеттина години замина за САД, па со семејството во Канада, од јавноста во Македонија долго го криеше разводот со сопругата Николина, со која ја имаат ќерката Малеа, која со него беше дојдена во Штип на годинешново јубилејно 40-то издание на фестивалот Макфест, на кој познатиот композитор, пејач и продуцент последниве години е еден од главните креативци како член на Уметничкиот совет.

Дека со сега веќе бившата сопруга се со години разделени знаеја само мал круг луѓе, изашто обајцата и понатаму останаа во одлични односни,  за кои многу допринесува и заедничкиот бизнис во Канада кој велат дека им цвета – големото модерно фото студио и секако нивната прекрасна ќерка.

Но исто така само мал круг околу него се до ва издание на Макфест знаеше дека Јованов има нова девојка. Токму на јубилејот на фестивалот, помеѓу две фестивалски вечери во поткастот на Антонио Димитриевски насловен „Ништо лично“,  Јован ја отвори душата и не само што отворено говореше за разводот, туку и отворемно призна дека е во врска, а неговата нова девојка е пејачка и се вика Тијана.

И оттука веднаш тргнаа љубопитните прашања на јавноста, а и на медиумите која е новата девојка на Џеј – Џеј? Една заедничка фотографија на вљубените гулапчиња на социјалните мрежи ги отстрани сите сомнежи.

Таа е родена кавадарчанка, и е македонска пејачка од поновата генерација која се вика Тијана Димова.

Во описот  на нејзиниот Фејсбук профил стои дека одела во среднои музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, а студира на Факултетот за Информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ.

Двојката е во врска доволно долго време, иако засега љубовта им функционира на далечина, зашто Јован и понатаму живее во Канада, а Тијана е се’ уште во Македонија.

Инаку Тијана Димова  покрај тоа што на јавноста и е позната по нејзините т.н. „тезга настапи“ по кафулињата и ноќните клубови, таа минатата 2024 година исто така се појави на фестивалот за забавни мелодии Макфест во Штип, каде имаше забележителен настап со песната „Сто пати“.

Засега детали и поединости за врската не откриваат ниту Јован ниту таа, иако од фотограгфиите на нејзиниот Инстаграм е јасно дека Тијана веќе била на гости кај него во Канада, но е нејаснои дали Јован ја запознал со бившата сопруга? И дали откако се заедно и двајцата биле  на некое заедничко патување на позната светска или егзотична дестинација?

Како и да е сега – засега, љубовта на Јован и Тијанна им “цвета“ иако за „љубовта на дистанца“ најчесто важи од она, „сто пати“ кажаното: „Далеку од очи – далеку од срце“ или помодерно речено: „Ако е далеку од дофат, лесно оди во неповрат“… Па  колку и да изгледа распламтено, постои ризик бргу да се угасне!  За да има добар одзив, потребно е повеќе од „домашна посета на една недела“ и „љубов преку видеопозив“!

Можеби затоа токму на поговорката преточена во прашање дали по втор пат би влегол во брак или „Само бу*дала може да се сопне два пати на ист камен“,  Јован Јованов во „Ништо лично“ одговори исто така со една поговорка, која вели вака: „Втората жена повеќе се сака“!

Фото: Инстаграм/tiaramon27 и Фејсбук/Tianna Dimova

To top