Пејачката Александра Младеновиќ се прослави во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, а кога ја започна кариерата беше многу млада.
Иако денес ужива во луксуз и изобилство, не било секогаш така, нејзиниот татко еднаш се присетил на моментот кога решила да го напушти семејниот дом само со, како што рече, „две чинии, две лажици и две вилушки“. Пејачката денес поседува неколку имоти, меѓу кои и стан вреден половина милион евра во Белград, а сега откри како успеала да заработи толку пари.
“Вчера патував 12 часа до настапот и исто толку време враќајќи се од настапот. Сменив два авиони. Мислам дека заслужив колку се мачев и колку се мачам и работам за да си дозволам стан. Ваков стан со многу труд и вложување, сама заработив сѐ и се гордеам со тоа“.
Александра ужива во среќна врска со своето момче Дарко, со кое често го пие утринското кафе во тој стан.
„Најважно од сѐ е што почувствував мир со него, што е повеќе од доволно за почеток. Семејството за прв пат е задоволно од мојот избор, а и јас сум задоволна. Тоа е најважно“, изјавија пејачка во „Премиера“.
Александра Младеновиќ го пазари својот трет имот во последните седум години. Пејачката која своевремено изјави дека „штедела и го јадела ајварот на мајка и“ за да заработи и да купи стан во Белград на вода, поседува уште еден стан, како и куќа во една белградска населба.
фото: printskrin/instagram/aleksandra_mladenovic_