Победникот на „Ѕвезде Гранд“ Никола Станишиќ откако ја доби статуетката како победник во последната сезона на шоуто, тој не застанува.
Патувањата преку граница, како и претходно се уште му се и тоа како чести, а овој пат беше гостин во емисијата „Гранд специјал“ каде откри која песна од неговата менторка Цецa Ражнатовиќ би сакал да ја преработи.

Иако нејзиниот музички опус е предолг и тој би сакал да сними многу од нејзините хитови, еден е посебен за него.
– Можеби тоа е песната „Ако таа те одбие“, таа ми е омилена – призна Никола пред камерите.
Цеца Ражнатовиќ беше ментор на Никола за време на натпреварот „Ѕвезда Гранда“ и таа го водеше до победа, па затоа не е изненадување што нејзините песни се меѓу оние што најмногу му значат.

Младиот пејач често истакнува колку соработката со Цеца му помогнала да напредува, како му дала корисни совети и му помогнала да го изгради својот музички идентитет на кој секако продолжува да се работи.
Никола уште еднаш докажа дека, освен талентот и харизмата, има и големо почитување кон својот музички модел, или со други зборови не така лесно по победата се „крена во облаци“ и заборави се’ што претходеше.
Никола неодамна беше гостин и во подкастот „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски, каде раскажа доста тоа за искуствата кои ги стекна од нетпреварувањето, но и за се’ претходно што беше непознато за него.
фото:Instagram printscreen/nikolastanisik







