Радио Милева по турбулентниот период

Првo огласување на Ана Николиќ откако тајно се омажи за Рале

Првo огласување на Ана Николиќ откако тајно се омажи за Рале

Музичката ѕвезда Ана Николиќ и продуцентот Горан Ратковиќ Рале се заколнаа на вечна љубов. Тие наводно се венчале на Малдивите за време на викендот.

Пејачката и продуцентот, според Курир, се венчале на една од најубавите песочни плажи на овој егзотичен остров, па овој одмор, кој следел по нивното помирување по турбулентниот период што сега е зад нив, ќе им остане во вечно сеќавање.

Ана Николиќ не се огласи откако овие гласини стигнаа до јавноста, а сега на нејзиниот Инстаграм се појавија неколку објави. Една од нив е оваа реченица:

– Велат дека во животот на секого му се дава онолку колку што може да поднесе. Додај повеќе, можам повеќе – гласи објавата што се појави денес на профилот на Ана Николиќ.

Foto: printscreen/instagram

To top