Месец октомври отсекогаш бил нејзин месец. Уште од раѓање, зашто така вели Изводот од матичната книга на родени. Па затоа ако пред две година за роденденот беше во Венеција, лани се реши за патување во Малта, годинава Лила Филиповска одлучи роденденски да се прошета до Бразил.

Арно ама летови за Сао Паоло и Рио нема секој ден, особено не од Скопје, па на водителката и се поклопија датумите. Оној на полетување со денот што го чекаме цела година.

Така, на Лила уште на Скопскиот аеродром и пееја „Happy birthday to Yoy…“, а таа гордо ги дувна свеќичките на славеничката торта… Но тоа беше само една половина од изненадувањето што и го приредија, зашто годинава Лила роденден славеше и на земја и на небо.

На пат кон Бразил, високо меѓу облаците на 10.000 метри, некој дополнително се сети одново да ја изненади водителката со сладок роденденски ланч пакет. Љубезната стјуердеса беше таа која дополнително ја послужи торатата, овој пат разбирливо без дување свеќички – од безбедносни причини.

Можеби е забрането дувањето, ама затоа во авионот не е забрането наздравувањето. Покрај чоколадната мини торта и две чаши со алкохол за едно роденденско наздравие на водителката, која на иницијаторите и љубезните домаќини, како и на сите други нејзини пријатели и следбеници, јавно им се заблагодари.

Наместо да држи здравица меѓу облаци, Лила им наздрави со пост на својот Инстаграм:

„Овој роденден беше специјален роденден. Започна во мојот омилен @primeclassofficial на скопскиот аеродром а продолжи во авионот на @turkishairlines кои овој пат не носат во Бразил.
Фала Мими @voyager_touristic за изненадувањата што ми ги приреди.
Благодарна сум на сѐ што имам и на сѐ што сум,на бог, семејството, пријателите , соработниците.
Научив дека мојот живот е само мој живот, другите можат да одат со мене ама не можат да одат за мене.
Посакувам само здравје и на себе и на вас кои го читаат ова…. И да што повеќе патувања низ светот нови предизвици и уживање во животот затоа што единствено со патувањето потрошените пари те прават уште побогат“.
View this post on Instagram
Се наздравуваше и потоа, откако Лила и екипата слетаа во Бразил… Ама, тоа веќе е друга приказна…

Фото и видео: Инстаграм/lilafilipovska







