Тој е редовен професор на Машинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. По едукација е дипломиран машински инженер на Машинскиот факултет ‒ Скопје, насока термотехника и термоенергетика, каде завршил со изразит успех на студии, просек околу 9.95.
Во неговото CV стои дека магистрирал по технички науки на Машинскиот факултет во Скопје, во периодот од 2003-2006 година.
Постдипломските студии и истражувањата му биле на тема: „Употреба на природен гас во термоенергетските постројки заради заштита на воздухот од загадување во урбана средина“ под водство на Машинскиот факултет ‒ Скопје.

Но не застанал тука туку постојано се усовршува и дообразува со разни стручни и експертски обуки и курсеви, работејќи на проекти во и надвор од Македонија, како во Германија, Турција, Норвешка…
Предава и држи вежби вежби на предмети како: Термодинамика, Проектирање на мотори со внатрешно согорување, Автомобилски мотори, Мотори и екологија, Комплексна енергетика, Мотори за шински возила, Погонски материјали, Инженерска графика, Управување со отпад.

За претстојните локални избори е назначен носител на советничката листа за Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Активен на митинзи и други јавни настани каде што ја изнесува визијата и платформата на партијата и коалицијата за Град Скопје, вклучувајќи ја и темата за “конкретен план”, “европски искуства”, научни решенија и практични мерки за урбан развој и решавање на проблемите со загадувањето, сметот, градскиот транспорт, инфраструктурата и сл.

Токму на овие теми, за неговите визии за развој и унапредување на македонската престолнина, за европските и светски модели за справување со загадувањето на воздухот, ѓубрето, сметот и отпадот и нивна можна имплементација, за инфраструктурните решенија, моделите на современ, брз, економичен и пред се’ еколошки градски превоз, за ДУП-овите, фамозните градежни маркици и зелените површини во Скопје, за детските игралишта и градските шеталишта, велосипедските и патеките за тротинети, местат за забава, спорт и рекреација на младите … „За Скопје како што го сакаме“ – како што му гласи изборниот слоган.

Но и за неговото прво поголемо искуство и ангажман во политиката, за приватноста, семејството, неговите хобија и пасии, за слободното време…
За љубовта кон музиката, страста кон гитарата и колекционерството на плочи, за првиот купен ЛП во животот, првиот албум од македонските поп-рок легенди „Меморија – Оган под ѕвездите“…

И за уште многу други приватни и професионални нешта, дислоцирани надвор од студиото во „природна средина на урбаното градско опкружување во центарот на Скопје“, во интер ток шоуто „НИШТО ЛИЧНО“ муабетевме со проф. Даме Димитровски, носител на советничката листа за Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Премиерата оди секоја среда во 20.00 часот, а доколку од било која причина ја пропуштите, оваа како и сите претходни епизоди од поткастот можете да го погледнете 24/7 на YouTube каналот на КурирМК (.







