Пејачот на бендот „ДНК“, Владимир Блажев Панчо почина вчера по тешка борба што траеше неколку месеци.
Пред речиси седум месеци, тој претрпе изгореници и повреди во дискотека во Кочани каде што настапуваше со својот бенд, каде што избувна пожар. Но, за жал, им подлегна на повредите.

Панчо ДНК, беше еден од препознатливите фигури на македонската музичка сцена, почина трагично, оставајќи огромна празнина во срцата на неговите обожаватели и музички колеги.
Неговиот стил и енергија го направија омилен на публиката, а неговите песни ќе останат трајно во македонската музичка историја.

Соратниците и пријателите од музичката сцена сега споделуваат спомени и ја изразуваат тагата по неговото заминување. Пејачката Каролина Гочева, објави фотографија со Панчо од времето кога тој со насмевка, позирал заедно со неа. Таа се огласи на Инстаграм, скршена од смртта на нејзиниот колега и пријател и сподели фотографија од нив како се смеат и позираат во еден бар.
– Пане мој, другар и брат, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш и секогаш ќе те сакам…“, напиша таа.


Да потсетиме, во дискотеката загинаа 64 лица, а ,членовите на бендот ДНК, кој таа вечер настапуваше во дискотеката, откако избувнал пожарот поради распрскувачки материјали, почнале да се евакуираат.
Дека во клубот „Пулс“ се употребувале уште оддамна пиротехнички средства, речиси од неговииот почеток на работење, кои развиваат висока температура, па дури и отворен оган, говорат фотографииите на нивната официјална Инстаграм страница.

Песните на ДНК, кои Панчо ги создаваше заедно со Андреј Ѓеорѓиески, остануваат вечен спомен и дел од срцата на многу генерации.

Почивај во мир, Панчо. Твојата музика и споменот за тебе ќе живеат засекогаш.
Foto: printscreen/instgaram







