Ништо лично ништо не е од вчера...

Причинителот на трагедијата со години бил потенцијална „бомба“: Пиротехника во клубот „Пулс“ се користела речиси од самото негово основање (ФОТО)

Причинителот на трагедијата со години бил потенцијална „бомба“: Пиротехника во клубот „Пулс“ се користела речиси од самото негово основање (ФОТО)

Веднаш по трагедијата од незамисливи размери, пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, осамнаа видеоклипови на социјалните мрежи на кои се гледаше дека причинител за катастрофата е пиротехниката. Врелите искри од запалените прскалки на сцената го палат украсното платно на нискиот плафон, а потоа огнот молњевито се шири за да предизвика пожар кој ја зави Македонија во црно.

Додека истрагата секако го работи своето, јавноста го посочува прстот во овој или оној, во повеќе различни „виновници“, чија вина допрва треба да се докаже. Сепак едно е јасно:  Се’ започнува од непочитувањето на законите и прописите, од избегнувањето на стандардите и заобиколувањето на она што науката и искуството го преточиле во правила и прописи.

Да, да бил „Пулс“граден по стандарди ќе имал пропишана височина со доволно растојание од бината до плафонот и пропишан радиус лево и десно на сцената. Немало да биде „шупа“ со азбестни канцерогени табли на покривот и лесно запаливи материи како изолација под него, туку со изолациони материјали кои не горат и се самогасиви кога ќе се запалат. Ќе имало противпожарни прксалки кои автоматски се вклучуваат во случај на присуство на чад и оган и доволно ПП апарати и хидрант со црево за гаснење на истиот. Влезната врата ќе била многу поголема, а големи противпожарни врати една или колку веќе бара според прописите квадратурата на просторот морале да постојат, а ги немало.

Имањето или не лиценци за работа, фискалните сметки и влезниците, пуштањето малолетници после полноќ, прекумерен број  на посетители отколку што собира просторот без оглед на возраста и слично, се само дополнителните неправилности кои ги прават последиците уште покатастрофални…

Сето ова е потенцијален предуслов за катастрофа,  за жал овој пат од огромни размери, со ненадоместливи последици и лузна на душата на сите нас, на општеството и „зарибаниот систем“, но и лузна на совеста на оние кои го доведоа до ова дереџе, а најмногу лузна на оние кои го злоупотребиле заради сопствената алчност. Но тоа е друга тема за размислување.

Причинителот за пожарот во „Пулс“ сепак е искра од пиротехниката, која не смеела да се користи. Не барем нестручно и во ваков тесен затворен простор. Прстот  е вперен во член на групата кој наводно ја донел пиротехниката, за што допрва треба да се докаже, сепак катастрофата ќе била спречена доколку клубот бил правен по стандарди. А дури и да не бил, како што не бил, кога веќе тоа било така, организаторот, сопственикот, менаџерот на дискотеката… кој ли веќе можел и морал да го спречи користењето на пиротехнички средства со распрскувачи материјали.

Впрочем, за користење на истата постои закон. Патем е забрането користење на пиротехника и отворен оган во затворен простор, освен во посебни случаи кога тоа го прават стручни лица, кои поседуваат соодветна лиценцирана дозвола издадена од надлежните органи.

Но кога се’ ќе се собере, порано или подоцна со сите овие пропусти  катастрофата можела да се случи и многу порано. За среќа не се случила, но за жал сега, кога истата се случи, е огромна, страшна, незамислива, погубна за сите нас… Најмногу за изгубените млади животи и траорот на нивните семејства, како за оние мноштво тешко повредени и нивните најблиски.

Дека во клубот „Пулс“ се употребувале уште оддамна, речиси од неговииот почеток на работење пиротехнички средства, распрскувачки материјали кои развиваат висока температура, па дури и отворен оган, говорат фотографииите на нивната официјална Инстаграм страница.

Причинителот на трагедијата со години бил потенцијална „бомба“ која можела да пукне било кога при користењето за време гостувањето на поедини ДЈ-и, естрадни ѕвезди од домашната естрада и соседството, за  јубилеите и годишнините на клубот…

Дали тогаш со ваквите опасни материи ракувале стручни лица, истите се користеле со дозвола и под надзор е прашање кое ја допира истрагата. Но дека ова не било прв пат, не било… За жал, беше и последен!

Нека биде и последна трагедија, но и последна опомена за сите нас…

Најмногу за газдите и менаџерите на ваквите и слични локали, организаторите на разни концертни настани, фестивали, манифестации, ивенти… и  секако за естрадните уметници и останатите артисти да не користат пиротехника без стручен надзор на професионалци.Особено не во зтворен простор!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Club Pulse (@pulse_club_mkd)

Фото: Архива/Инстаграм/pulse_club_mkd

 

To top