Радио Милева како друга девојка

Кајли Џенер повеќе не личи на себе: Овој пат глуми гола ледена кралица

Кајли Џенер повеќе не личи на себе: Овој пат глуми гола ледена кралица

Американската ријалити ѕвезда Кајли Џенер го привлече вниманието откако позираше во смело топлес издание покриена со светки.

Таа беше фотографирана само во долна облека, а градите ги покри со рацете. Позираше со круна на главата и нагласена шминка. Станува збор за нова реклама за нејзиниот бренд Кајли Козметикс овој пат од изданието ледена кралица.

Во вакво издание таа ја промовираше линија шминка наречена Колекција Крал Кајли инспирирана од шминката што ја носела кога имала 17 години.

„Ви благодарам од дното на моето срце што дојдовте со мене на ова патување. Се надевам дека оваа колекција ќе ве направи среќни како што ме направивте мене“, напиша таа, меѓу другото.

Воодушевените обожаватели ѝ дадоа многу комплименти за нејзиниот изглед кој е драстично поразличен од оној каков ја паметиме од времето на „Во чекор со Кардашијанс“.

Во тинејџерските денови, таа беше позната по „смелите“ бои на косата како руса и розова и тешката шминка. Претходно во интервју за списанието Elle таа изјави:

„Таа ера секогаш ќе биде дел од мене, но никогаш нема да биде она што беше кога бев помлада. Сега веројатно никогаш не би носела вештачки трепки и не би имала густи веѓи. Постојат одредени трендови што ги надминав.“

Сепак, таа одлучи повторно да продава ваков вид шминка како дел од нејзиниот бренд, што ги израдува нејзините обожаватели.

фото:Instagram printscreen/kyliejenner

To top