Радио Милева опомена за соседите или самореклама?

Македонската мисица на соседите им остави порака во лифтот: „Ако мене не ми падна круната додека го чистев вашето ѓубре, нема ни вам наредниот пат“

Македонската мисица на соседите им остави порака во лифтот: „Ако мене не ми падна круната додека го чистев вашето ѓубре, нема ни вам наредниот пат“

Емилија Розман, македонската манекенка, модел, мисица со универзитетска диплома и сопственичка на неколку „гифт шоп“ – цвеќарници, живее во зграда во која на некои од станарите очигледно хигиената и хигиенските навики не им се посилна страна. Или пак така им чини, сопственото ѓубре што ќе го направата или од некаде донесат, наместо  уредно да си го одложат таму каде што на сметот му е место, тие најччесто го фрлаат или оставаат во лифтот.

На мисицата вакавата „туѓа навика“ и дојде преку глава, па откако таа им ја заврши работата со тоа што им го собра, го исчисти и исфрли туѓото ѓубре, реши да им остави порака во лифтот. Ако не им текнува самите што треба да прават, на елементарните културно-хигиенски навики реши таа да ги потсети.  Можеби некој додека се вози нагоре-надолу ќе прочита, ако не друго од љубопитност што тоа пшува на залепеното ливче хартија?! Кој тоа и каква порака  на комшиите им оставил?

„Со сета должна почит спрема сите станари, доколку мене не ми падна круната додека го чистев ѓубрето од лифтот, што некој сметал дека му е тука местото, верувам дека нема да ви падне и вам нареден пат (за жал, знам дека ќе има и нареден пат). Бидете промената која сакате да ја видите“ – им напишала во пораката мисицата.

Пораката со полно право „држи вода“, а г-ца Розмантична како домаќинска мома, не само што ја завршила туѓата работа, туку попат и си направила добар маркетинг колку е вредна… Првиот обид за брак експресно и пропадна, па сега рекламата е добредојдена…

Кој знае, можеби некој покрај неспорната убавина, ќе падне и на домаќинските навики на „цветната мома“?

Патем и локалните изборите се во тек, па ако не за градоначалничка или на некоја советничка листа, вака вредна мома, какви денес ретко има на овој свет, изберете ја за претседателка на куќниот совет!  Можеби потоа лифтот ќе ви изгледа како на фотографијава?

Фото: Инстаграм/rozmanticna

 

To top