Радио Милева само за неа

Антониа со објава каква речиси никогаш не споделува: Приватно, интимно, полно љубов и емоции

Антониа со објава каква речиси никогаш не споделува: Приватно, интимно, полно љубов и емоции

Семејството е најголемото богатство што може да го има еден човек, бидејќи вредноста е непроценлива, бесценета, нераскинлива…

Младата пејачка Антониа Гиговска е среќно реализирана сопруга и мајка на едно синче, а од пред две години и таа оформи свое семество со музичарот Роберт Спасенцовски.

Но, врската до коренот, семејството од онаму од каде потекнуваш е нераскинлива, таа е божји благослов кој сите што го имаат се среќни луѓе, мама, тато, бато, дада, баба и дедо до себе.

Антониа речиси и да не споделува семејни моменти, исклучок е Киан, но нејзините родители и постариот брат поретко можеме да ги сретнеме од нејзините објави на социјалние мрежи. Деновиве имаше посебен повод за Антониа да ја покаже мајка си која го прослави 59-от роденден.

Баба со двете внучиња, едното од синот Дарко, другото од ќерката Антониа и тортата пред себе, посреќна не може да биде.

Насмеана, стопена од љубов и тон емоции покрај најдрагите… Желбата,  веројатно исполнета, само со едно подвлечено, здравјето се разбира, зашто се’ друго веќе е во рацете.

Среќен роденден!

фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa

To top