Откако нејзиниот партнер ја запроси на многу необичен начин, на еден мото собир во Скопје, а македонската пејачка Благица Ѕунзуровска – кажа ДА, идната брачна двојка замина на одмор на егзотична дестинација.
Летото помина, вереничкиот прстен остана, а есента е иделано време за веридбата да се круниса со брак.

„Зимата иде, има најави и дека снегот ќе снежи, па в постела мека сам не се лежи“- што би рекле стиховите на една позната новосоздана македонска фолк песна, па меѓудругото веројатно тоа бил дополнителниот мотив што свршениците решиле да стапат и официјално во брак! Овој пат граѓански, додека свадбената веселба иако е во најава, сепак малку ќе почека!

Во меѓувреме, естрадно – моторџискискиот пар решил да застане пред матичар! Потпис за верност, а и обврска дека отсега се се дели на два! Сведоците – гаранција за идната брачна хармонија!
Кумот златен – со наливперо фатен и прв потпиша! После младоженците, се разбира и тоа своеволно и доброволно, за среќно брачно гнездо на младите.

Старосфатот исто така, доследен и верен и тој стави „гарантен потпис“ на терен!

Потоа заедничка фотографија која се прави само еднаш или барем не така често, на сите заедно, што се сега како едно семејство!

А, невестата зетот и сведоците посебно, за вечен спомен и долго сеќавање на денот на венчавање!

Фустанчето на Благица од бела тантела… Кусо, речиси мини, налик на венчаница иако онаа вистинската, ќе ја видиме дури на свадбата! Така барем, вети невестата!

Склучениот граѓански брак на пејачката како увертира пред свадбата, ама тоа не значи дека и за прачен потпис торта не следува. И тоа не било каква, туку со „сладок потсетник“ дека повеќе нема бегање, за да не биде после леле мајко… Сега си и официјално, госпоѓа Трајков!

И за крај, малку заводлив невестински танц качена на стол, на кој невестата си испеа песна од збор до збор… Дека многу сака да се качи, да се вози на „неговиот… мотор“!

Епа, нека е со среќа и аирлија прва брачна „ноќна вожња“!
View this post on Instagram
Фото/видео: Инстаграм/dzunzurovska




