Ајк Тарнер, посвоениот син на музичката легенда Тина Тарнер, почина во болница во Лос Анџелес. Веста ја потврди внуката на Тина, Жаклин Булок, која откри дека Ајк Тарнер со години се борел со здравствени проблеми.
„Тој со години страдаше од проблеми со бубрезите поради лошо здравје, а во последниве години се бореше и со срцеви заболувања. Минатиот месец доживеа и мозочен удар“,
рече Жаклин, истакнувајќи колку долго Ајк Тарнер се борел со здравствени проблеми.
Роден во 1958 година од Ајк Тарнер и Лорејн Тејлор, Ајк Џуниор подоцна бил посвоен од Тина Тарнер, кралицата на рокот.

Иако пораснал во познато музичко семејство, поголемиот дел од својот живот го поминал подалеку од медиумското внимание, избирајќи приватност и тивок живот подалеку од рефлекторите.
Ајк Тарнер претрпел бројни лични загуби во текот на својот живот. Неговиот биолошки татко, Ајк Тарнер, почина во 2007 година, додека неодамна ја загуби и својата мајка, Тина Тарнер, во 2023 година, објавува Телеграф.

За потсетување, Тина имаше четири деца, а нејзиниот најстар син Крег изврши самоубиство во јули 2018 година. Тој работеше како агент за недвижности и изврши самоубиство во својот дом кога имаше 59 години. Тина го роди кога имаше 18 години, а татко на Крег е саксофонистот Рејмонд Хил. Потоа, во 2022 година, нивниот втор син Рони беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес, на 62 години.
Foto: printscreen/instagram/youtube







