Мегафон троен концерт

Со концерт на македонски и српски изведувачи во сабота на 8 јуни на стадионот на АРМ во Скопје почнува музичката ноќ на фестивалот Скопје се Лади – Три концерти во една ноќ. Скопје добива нова форма на музичко изразување и ноќ посветена на љубителите на добрата музика со три концерти кои истовремено ја оживуваат енергијата со драм ен бејс, рап, реге и балкански звук.

За загревање на атмосферата ќе се погрижат момците од бендот „Брас Брадерс“ кои ќе ја вжештат атмосферата со нивните брас инструменти и со нивните хитови кои одлично поминаа кај македонската публика.

 

Миленикот на повеќе генерации раперот Тајзи после неколку концерти низ Македонија , ќе настапи со неговите најголеми хитови на кои сите пејат и танцуваат.

И како круна на оваа незаборавна вечер со 90 минутен концерт ќе настапат извонредните српски изведувачи С.А.Р.С. со добро познатите хитови: „Буџав лебац“, „Лутка“, „Ракија“, „Перспектива“ и многу други.

Билетите може да се набават во Kupi Karti Za Se и на 44event.mk

To top