Успешната актерка Тања Кочовска, која претходно со години важеше за една од позначајните пејачки на забавна музика, денес е препознатлива како талентирана актерка со богата кариера. Со бројни фестивалски настапи и освоени награди, Тања е позната и призната личност во македонската музичка и актерска сцена. Потекнува од едно од најпознатите македонски музички семејства – нејзините родители, Невена и Панче Кочовски, беа членови на легендарниот бенд „Мањифико“, а сестра ѝ е Лидија Кочовска.
Овој пат, Тања го привлече вниманието на своите следбеници со еден интимен и искрен момент споделен на социјалната мрежа Фејсбук.
Таа објави две фотографии кои досега беа непознати за јавноста. На едната е снимена во болничка соба, лежечки, додека на другата е нејзиниот сопруг Предраг Павловски, кој носи печена риба.
Со краткиот опис и бројот „30“, Тања им даде до знаење на следбениците дека со сопругот прославуваат 30-годишнина.
Како и секогаш, Тања успеа да ги насмее сите со својот позитивен дух и доби голем број честитки и искрени пофалби од обожавателите и пријателите.
Foto: printscreen/Facebook







