Радио Милева на ова не штеди

Саша Ковачевиќ плаќа дебело за спотови, а еве за кој видео- спот искеширал најмногу

Саша Ковачевиќ плаќа дебело за спотови, а еве за кој видео- спот искеширал најмногу

Српските медиуми забележуваат дека пејачот Саша Ковачевиќ е сопственик на најскапиот спот од српската естрада.

Имено, пејачот ги екранизирал повеќето од своите хитови, но едно од видеата се издвоило од другите.

Спорниот спот за песната „Prevarena“ е сниман далеку надвор од границите на Србија, а на снимањето имало повеќе од стотина статисти и актери.

Ковачевиќ го снимал музичкиот спот за споменатата песна неколку месеци во Мароко, каде што се снимале филмови и серии како што се познатите „Gladiator“, „Game of Thrones“, „Ben Hur“ и многу други.

Како што објавија локалните медиуми, овој спот наводно е во редот на најскапите. За време на снимањето биле присутни многу статисти и сериозна продукција.

На овој проект, како и на сите други досега, имал голема помош од својот брат Раде, а видеото наводно чинело 100.000 евра, а има над 58 милиони прегледи на YouTube.

фото: You tube printscreen/Sasa Kovacevic .TV/ Instagram printscreen/ sashakovacevic

To top