Радио Милева „девојките само сакаат забава“

Северина ужива во Бодрум, а обожавателите коментираат – „Кога го имаш она нешто“

Северина ужива во Бодрум, а обожавателите коментираат – „Кога го имаш она нешто“

Пејачката Северина ужива со пријателките во Бодрум, а на социјалните мрежи објави дел од атмосферата.

Меѓудругото таа позира во сексапилни пози, истакнувајќи ги своите извајани нозе.

Таа носи краток, сив фустан и отворени високи потпетици. Изгледот го надополнила со фризура која ѝ била стилизирана брановидно, едноставна шминка и накит.

Следеа бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Безвременска убавина“, „Толку зрачиш со енергија и сексапил“, „Кога го имаш она нешто“, биле дел од коментарите.

Северина одмара со своите пријателки, па споделила и заеднички фотографии и видеа, а во описот навела: „Девојките само сакаат да се забавуваат“.

Пред да ја посети Турција, пејачката уживала на Сицилија.

Неодамна престојувала и во Брисел каде заедно со Институтот 8 март на Европската комисија ги предала потписите од Европската граѓанска иницијатива „My Voice, My Choice“ која се залага за правото на жените во ЕУ на достапен, сигурен и бесплатен абортус.

Таа нагласила дека таму не дошле да молат туку бараат почитување на основните човекови права.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Во ова ќе успееме, ова ќе го оствариме, а ваш е изборот само во тоа дали сакате да бидете на вистинската или погрешната страна од историјата. Дали ќе сакате да ги погледнете жените во очи и себеси во огледало или ќе останете запишани во историјата на унијата како лоши наследници кои притоа биле и неуспешни губитници“, рекла тогаш Северина.

фото:Instagram printscreen/severina

To top