Нов бран на контроверзни откритија повторно го става во фокус приватниот живот на принцезата Дијана од Велс и нејзиното пријателство со уметникот Џорџ Мајкл.
Извори кои се повикуваат на меѓународни медиуми тврдат дека саканата принцеза и нејзиниот пријател имале „таен код“ преку кој разговарале за забранети супстанци.
Изразот „Бели дијаманти“, кој наводно го користеле принцезата Дајана и Џорџ Мајкл, за многумина звучел мистериозно, но всушност бил метафора за кокаин. Оваа информација излегува на виделина речиси три децении по трагичната несреќа во Париз, во која загинаа принцезата Дајана и Доди Ал-Фајед, и фрла ново светло врз ликот на „принцезата на срцата“, како што народот ја нарекувал првата сопруга на сегашниот крал Чарлс.

Според извор близок до кралското семејство, на кој се повикува „Radar Online“, принцезата Дајана наводно го замолила Џорџ Мајкл — еден од нејзините најблиски пријатели од 90-тите — да ѝ донесе кокаин за да се ослободи од притисокот. Пејачот првично одбил, но на крајот попуштил и ѝ доставувал мали количини, сокриени во кутии за накит.
Овие тврдења, иако не се официјално потврдени, повторно го отвораат прашањето за тоа колку јавноста навистина ја познавала Дајана, и какви биле нејзините приватни битки зад сцената на нејзината иконична јавна слика.
Наводно, принцезата Дајана и Џорџ Мајкл измислиле и шифриран јазик за да избегнат сомнеж. Изразот „Бели дијаманти“ бил користен во нивните разговори како код за забранети супстанци. Според цитираниот извор, принцезата Дајана тврдела дека тие ѝ давале „самодоверба“ и ѝ го враќале чувството дека може да го контролира сопствениот живот за време на периодот обележан со разводот од принцот Чарлс и огромниот медиумски притисок.
Наводно, договорот траел околу четири години, пред принцезата Дајана да побара поддршка преку дискретна терапија во обид да се ослободи од зависноста. Меѓутоа, тоа не одело баш мазно, бидејќи навиката „повремено се враќала“.

Откритијата за тајниот код доаѓаат во контекст на чувствителни обвинувања поврзани со трагедијата во која принцезата Дајана го загуби животот. Анонимни извори за „Radar Online“ изјавиле дека во „мерцедесот“ во кој се наоѓала со Доди Ал-Фајед и возачот Анри Пол било пронајдено „мало складиште на кокаин“, кое брзо било отстрането за да не се наруши имиџот на принцезата во јавноста.
Официјалната верзија на истрагата била фокусирана на фактот дека возачот Анри Пол возел пребрзо и бил под влијание на алкохол. Меѓутоа, гласините дека Дајана и Доди повремено користеле наркотици не престанаа; тие доаѓаа од луѓе блиски до нив, поткрепени од репутацијата на Доди како египетски плејбој.
Истовремено, наводно членовите на кралското семејство очајно се обидувале да го заштитат ликот на принцезата Дајана, која во тоа време била третирана како симбол на емпатија и хуманитарна работа. Било каква поврзаност со дрога радикално би ја променило јавната перцепција и би ѝ ја нарушило репутацијата.

Приказната за кодот „Бели дијаманти“ е поврзана и со други детали од приватниот живот на Дајана. Таа во 1993 година напишала писмо до својот батлер Пол Барел во кое тврдела дека нејзиниот маж планира да ја „отстрани во сообраќајна несреќа за повторно да може да се ожени“. Пријателите веруваат дека нејзината параноја и анксиозност можеби биле влошени од употребата на кокаин.
За време на последното патување со Доди Ал-Фајед, принцезата Дајана наводно се обидела да го убеди да се откаже од консумирање дрога, а нивните расправии на таа тема биле чести. И покрај тензиите, Дајана и Доди Ал-Фајед правеле планови за иднината пред страшната несреќа што се случи во ноќта на 31 август 1997 година, кога и двајцата загинаа, пренесува „Libertatea“.
фото:You tube printscreen/Claire







