Во најновото издание на интер ток шоуто на гости ни беше еден од најпознатите градски, урбани српски кантавтори, а воедно е и гитарист, композитор и пејач, кој влегува во редот на најрепрезентативните претставници на југословенската поп-рок сцена во 1970-тите и 1980-тите години.
Музичката кариера ја започнал кон крајот на 1960-тите во белградските клубови, инспириран од американскиот рок и кантри звук. Неговиот стил се одликувал со комбинација на рок звук, мелодични балади и микс од љубовни и ангажирани текстови. Почетокот на 1970-тите го наметнува како еден од пионерите на „кантавторскиот“ израз на просторите на поранешна Југославија.

Неговите песни и албуми оставиле значаен белег во поп-културата на поранешна Југославија, најмногу некои од неговите најпознати љубовни балади и меланхолични рок нумери. Познат е по автентичниот вокал и по тоа што самиот ги напишал текстовите и музиката за најголем дел од своите песни. Не случајно критичарите го вбројуваат меѓу најважните автори од тој период.

Легендарниот кантавтор во последните неколку години започна да пишува и да објавува и романи. Во моментов работи на неговиот петти по ред роман, а некои од неговите книжевни дела се насловите: „Жици“, „ОК, ќе се пресоблечам“ и „Можев да бидам геј“… Искрата за пишување на првиот роман настанала поради губење блиска личност – што го навело да преиспита и да запише сè што поминал и што го обележало.

За неговото музичко и книжевно авторство, за познанството и соработката со најголемите имиња на екс ЈУ рок сцената како ЈУ Група и Бора – Чорба кој не само што му пеел придружни вокасли, туку и му лаел на снимањето на првиот албум, за актерската улога, студиите и дипломата по политички науки, поседувањето на првиот приватен бутик за гардероба во Белград, за неговото кантавторство, личниот печат во песните, загубата на најсаканата личност, за оние и овие времиња и нивната вредност односно површност…

И за уште дузина повеќе или помалку познатим, но и сосема неоткриени лични работи од неговата приватност и творештво ни открива легендарниот југословенски кантавтор Срѓан Марјановиќ, кој ни е уште еден гостин во летната, од студиото дислоцирана варијанта на интер ток шоуто „Ништо лично“.

Премиерата на поткастот „Ништо лично“ оди секоја среда, од 20.00 часот, но ако сте ја пропуштиле и неа како и сите претходни изданија можете да ги проследите во било кое време на YouTube каналот на КурирМК (@Kurir.podcast) .







