Фолк пејачот Боби Спасенцовски ја обожава својата снаа, пејачката Антониа Гиговска.
Дека тоа е така потврди и едно видео кое се најде на „стори“ објавите кај сопругот на Антониа, односно синот на Боби, музичарот Роберт Спасенцовски алијас Џокер.

Колку се блиски, се сакаат и се почитуваат покажаа пеејќи ја заедно „Кад замиришу јорговани“.
Таа со микрофонот во рака реши со песна да ги почести присутните, а свекорот застана до неа како вокално засилување.
Ова е прво видео од Спасенцоски кое осамнало вака јавно ,а открива семејната хармонија меѓу нив. Инаку, Боби Спасенцовски редовно ја поддржува снаата во музичката кариера, па на неговиот Фејсбук профил редовно осамнуваат песните на Антониа.
фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa




