Раскош, блесок, ескставагантност од надворешноот ефект е она што поп-пејачката и дерматолог, Симона Пововска го приредија со повод, особено драг на срце и душа.
Симона и нејзиниот сопруг Крис го славеа роденденот на првото синче Никола кое наполни три години.
Пејачката и докторка Симона Поповска, за своите наследници преферира да приредува големи и луксузни родендени со помпа до пклафон, а за ваквите денови штедење нема.
Таква пракса има уште од првиот роденден на Никола, а богатата традиција продолжи и за помалиот Стефан.
Оваа година славеникот очигледно веќе има омилен цртан филм и омилени играчки, па не случајно изборот падна на популарните „Cars“, па се’ беше во знакот на количките.
Родендените на Никола и Стефан се ден за голема прослава за која мама и тато сакаат се’ да биде на ниво.
Среќен роденден!
фото:Inatgram printscreen/ simonapopovskaofficial