Уште од најрана возраст, секој од нас носи во себе посебна желба, сон или цел која поседува магична сила да не води напред.
Како млади, искрени и со неисцрпна имагинација веруваме дека иднината ни носи можности за остварување на нашите најсакани соништа.
Токму тоа и се исполни на македонската екс водителка и влијателна инфлуенсерка Миа Костова која се отвори на социјалната мрежа Инстаграм и потврди дека таа е од тие кои ги пречекорила предизвиците на времето и се изборила за нивната реализација.

Миа пред следбениците сподели една фотографија, каде таа позира во летно издание во костим за капење, а понатаму објави и неколку во кои покажа како навистина ужива во животот.

Во описот напиша:
– Кога бев многу млада посакував да живеам и да можам колку што можам денес. Велат, апетитите се зголемуваат со остварување на целите. И во некоја мера – можеби и така треба. А јас? Јас сум само среќна и благодарна. Лето 2025 – гласеше текстот со кој ги поттикна нејзините фанови да размислат дали и тие успеале да се изборат до реализација на нивните соништа, за апетитите да им се зголемот уште повеќе, или едноставно само да бидат благодарни како што вели таа.
View this post on Instagram
Овие зборови на македонската инфлуенсерка испраќаат силна порака до сите нас, а летото нека биде поттик за секој да се запраша дали ги остварил своите соништа и дали го живее животот онака како што секогаш посакувал. Сепак, после сите предизвици и успеси, најважно е да останеме благодарни и да го цениме секој момент од патувањето кон нашите цели.
Foto: printscreen/instagram/miandrija





