Радио Милева Инцидент

Дара сакаше селфи со Цеца, па го бакна подот – како некој да ѝ го тргна столот од задникот

Дара сакаше селфи со Цеца, па го бакна подот – како некој да ѝ го тргна столот од задникот

Пејачката Дара Бубамара падна од столчето за време на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Инцидентот се случил додека таа позирала за селфи, а Светлана Цеца Ражнатовиќ сакаше да се вклопи во кадарот. Ражнатовиќ брзо реагирала, но нејзината колешка веќе била под масата.

Нејзината реакција до фановите на социјалните мрежи, каде што видеото од падот стана вирално, јасно стави до знаење дека Бубамара не е повредена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

Да потсетиме дека на првото снимање на „Ѕвездите на Гранд“ Дара нагласи дека не се плаши „дури ни од Снежана Ѓуришиќ, која може да биде строга во ова шоу“.

– Дали треба да се плашам? (смеа). Имам почит кон моите постари, но ако некој почне да ме провоцира, ќе пукам. Кој и да ме допре, секако дека ќе одговорам – нагласи пејачката и додаде дека е „уникатна“.

– Дара навистина се вклопи во улогата на жири. Таа сериозно си ја сфати задачата и се труди да биде тоа што е – интересна, но и остра. Инсистираше да седи до својата пријателка Цеца Ражнатовиќ, но е во сериозна кавга со Снежана. Двете не се сложуваат. Барем тоа е  впечатокот. Што и да каже Снежана, Дара возвраќа, и обратно. Се чини дека се на воена нога дури и надвор од снимањето и постои чувство на непријателство – изјавил извор за Курир кој е добро запознаен со деталите од снимањето на емисиите „Ѕвездите на Гранд“.

To top