Поранешната свршеница на пејачот Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ, во последно време е многу активна на социјалните мрежи каде што секојдневно споделува моменти од својот приватен живот.
Марина многумина ја сметаат за привлечна и убава жена, а не крие колку е посветена мајка синот кој го доби со Дарко.
Со најновата објава, Марината „фрли“ сè во ребус. Имено, таа сподели цитат кој очигледно ѝ се допаднал и во кој сигурно се пронашла себеси.

– Зошто си слободна? Затоа што не ме интересираат мажи кои разговараат со шест други девојки, спијат со четири, користат две и мислат дека тој е вистинскиот – пишуваше во објавата.
Да се потсетиме дека Марина Гагиќ беше исклучително млада кога влегла во врска со Дарко, имала само 19 години, а двајцата подоцна добија син.

Иако се свршиле за време на нивната врска и мислеле дека ќе биде крунисана со брак, двојката за жал набрзо раскина.
Инаку, фолк пејачот Дарко Лазиќ има одлични односи со својата поранешна сопруга Ана Севиќ, со која ја има ќерката Лорена, па затоа често се дружат заедно, вклучувајќи ја и неговата сегашна сопруга Катарина.
Да се потсетиме дека Марина еднаш рече дека конечно е „во нормални односи“ со Дарко, но дека не сака да „претерува“ и дека прекумерната блискост е непотребна.
фото:instagram printscreen/gagicmaeva







