Промотер

Пајак ја претстави летната хероина од нашите сништа – „Марија“ (ВИДЕО)

Пајак ја претстави летната хероина од нашите сништа – „Марија“ (ВИДЕО)

Додека летото полека ни бега, Пајак реши да нè задржи уште малку на плажа со својата најнова песна – „Марија“.

Своето ново парче музика младиот охриѓанец деновиве го сподели на YouTube и уште во првите неколку часа собра куп позитивни реакции. И не е чудо, ниту изненадување, зашто „Марија“ е вистинска летна музичка хит бомба, песна што крева од столица и ве тера да се сетите на сите авантури од ова, или некое друго, ваше лето.

Музиката ја потпишува самиот Пајак, текстот е „скоцкан“ во тандем со Елвир Мекиќ, а за препознатливиот „свеж“ звук  како и вообичаено, заслужен е Иван Јованов – Ивајо. Исто така, песната доби и визуелен лик преку видеоспотот во режија на Б.Гордан, кој ја претставува „Марија“ како летна хероина од нашите сништа.

А најголемото прашање сега е: Која е Марија? Дали е реална девојка, летна љубов или само музичка инспирација? На ова прашање Пајак мудро молчи, оставајќи и на публиката  да си ја замисли сопствената „Марија“. Едно е сигурно – оваа песна ќе се врти до крајот на ова лето и многу извесно уште долго потоа.

Зашто Пајак повторно успеал да создаде нумера што го крева расположението и нè потсетува дека летото сè уште трае и ќе трае долго –  барем низ ноти.

Во продолжение, погледнете го видеото и запознајте ја неговата Марија…

Можеби ќе ве потсети на некоја (ваша) сењорита од од ова или некое  друго ваше лето…

 

 

To top