Радио Милева трансфер

Ване Маркоски има нова колешка пред камери: „Колку само има трема, опушти се малку“

Ване Маркоски има нова колешка пред камери: „Колку само има трема, опушти се малку“

Програмските промени во телевизиите најчесто стартуваат од месец септември, но овој пат за утринската на МТВ ова се случува нешто порано пред крајот на летото.

Имено, пред камери во утринските часови како засилување на постоечката водителска постава доаѓа нов лик.

Станува збор за новата водителката Симона Илиеска која наедно не е нов и непознат телевизиски лик кој допрва ќе стекнува искуство, туку напротив, таа прави трансфер од телевизија Сител каде беше дел од емисијата „Магазин“.

Симона неделава го скрши мразот на новата фреквенција, а и спојот со новите колеги. Тоа утро на пулт беше во тандем со Ване Маркоски кој и посака добредојде и среќа, снимајќи видео за спомен и инфо до следбениците.

Во свој стил, Ване се пошегува со Симона дека има трема и треба да се опшути малку.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vane Markoski (@vanemarkoski_)

Нормално со промените потребно е време за адаптација за секого, но сигурни сме дека задачата професионално ќе биде изведена.

Дека тоа се може, потврди и најавата дека веќе од следното утро Симона ќе ја отвори програмата сама.

фото:Instagram printscreen/vanemarkoski_and illieskasimona

To top