Актерката Софија Вергара е една од најубавите жени денес, а за тоа може да ѝ се заблагодари на генетиката. На педесет години, таа има речиси совршено тело и лице, а малкумина би можеле да ѝ одолеат.

Помладата сестра на актерката, Сандра Вергара, е исто така јавна личност и е многу популарна. Таа почнала да се занимава со манекенство на 24-годишна возраст и се појавила во серијата „CSI: Miami“ во 2009 година. Нејзините други филмски и телевизиски улоги вклучуваат улоги во следните дела: „Fright Night“, „Fetching“ и „Nip/Tuck“, „Theresa Corazon“. Сандра има 36 години, а неодамна се пробала во реално шоу.
View this post on Instagram
Сандра долго време е позната како помладата сестра на Софија Вергара, но малкумина знаат дека таа е всушност нејзина роднина, посвоена од семејството на Софија кога била дете. Таа растела рамо до рамо со познатата актерка, но ретко се појавувала во јавност. Едно од ретките заеднички излегувања се случило во 2005 година, кога заедно прошетале по црвениот тепих.
Сандра потврди на социјалните мрежи дека ќе се појави во 9-тата сезона од хит-риалити-шоуто на Нетфликс, кое ги следи животите и бизнисите на луксузните агенти за недвижности во рамките на престижната агенција „Опенхајм груп“.
View this post on Instagram
„Ќе внесам малку повеќе сјај и длабочинаво реалното шоу“, напиша Сандра на својот профил.
„Снимањето беше забавно. Неверојатно сум благодарна и почестена што сум дел од ова лудо, прекрасно искуство. Наскоро ќе има повеќе. Подгответе се за магијата“, рече таа.
Foto: printscreen/instgaram







