Радио Милева емотивно и несекојдневно

Глетка која топи душа: Гитарска поворка низ штипските улици во чест на Тоше

Глетка која топи душа: Гитарска поворка низ штипските улици во чест на Тоше

После одличниот прв концерт минатата година, Штип на 21. август повторно е домаќин на трибјут концертот во чест на Тоше Проески.

Повеќе од 15 музички ѕвезди на иста сцена во „Дом на млади“ и годинава ќе пеат во спомен на нашата најголемата музичка ѕвезда!

Како загревање и најава на она што следи, организаторите дојдоа на идеја музичари да свират акустични гитари низ штипските улици. Емоција, несекојдневна глетка додека чеекорат и ги свират песните на Тоше кои одекнуваа низ градот под Исарот.

За потсетување, најавен е 5-часовен концерт и ноќ исполнета со емоции.

На ноќта на музика, ноќта за Тоше, ќе се пеат безвременските хитови на нашиот единствен. На сцената ќе пеат: Антониа Гиговска, Маринијан Кириловски, Дани Димитровска, Андријана Петрушовска, Наташа Малинкова и други…

Специјален гостин на концертот ќе биде српската мега ѕвезда Александра Радовиќ.

фото:facebook/vo stip

To top