Радио Милева по две години молчење

„Подобро е што умре“: Џенифер Анистон отворено проговори за смртта на Метју Пери

„Подобро е што умре“: Џенифер Анистон отворено проговори за смртта на Метју Пери

Џенифер Анистон вели дека за Метју Пери е подобро што е мртов бидејќи повеќе не мора да се бори со својата зависност.

Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон даде емотивна исповед за „Vanity Fair“ во која, меѓу другото, зборуваше за смртта на нејзиниот долгогодишен пријател и колега Метју Пери.

„Се потрудивме најдобро што можевме. Неговата битка со оваа болест беше многу тешка. Колку и да беше болна за нас и за обожавателите, има дел од мене кој мисли дека можеби е подобро вака. Мило ми е што повеќе не е во болка“, рече актерката.

Таа додаде дека „Пријатели“ ја обликувале и дека улогата ѝ дала можност да влијае врз луѓето ширум светот.

– Ако тоа беше единственото нешто во моето CV, би била пресреќна и благословена – заклучи актерката.

Актерот Метју Пери (54) беше пронајден мртов во својата вила на 28 октомври 2023 година, а неговата смрт го шокираше целиот свет.

Резултатите од обдукцијата покажаа дека факторите што придонеле за смртта на Метју вклучуваат давење, коронарна артериска болест и ефектите на бупренорфин.

Метју Пери беше зависник од хероин со години и неколку пати во текот на својот живот посетувал разни клиники за рехабилитација од дрога.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MTV UK (@mtvuk)

фото: printscreen/YouTube/Today/instgaram

To top