Радио Милева летни љубовни вибрации

Идниот зет на Чола е постар 10 години од неговата ќерка Уна која реши да го покаже саканиот

Идниот зет на Чола е постар 10 години од неговата ќерка Уна која реши да го покаже саканиот

Уна Чолиќ, ќерката на пејачот Здравко Чолиќ, објави видео од јахтата што ја управуваше нејзиното момче.

Постарата ќерка на Здравко Чолиќ, Уна (23), веќе некое време е во врска со момче кое е десет години постаро од неа и кое успешно го криеше од очите на јавноста.

Како што пишувавме, Чола неодамна искешира луксузно патување за неговата сопруга, ќерките и зетот на Бриони – омиленото одморалиште на Тито.

Како што објавува „24sedam“, токму момчето на Уна беше зад кормилото на луксузната јахта, додека другите патници уживаа на сонцето. Носеше само кратки панталони, а околу вратот златен ланец со крст. Извор за гореспоменатиот портал наведува дека момчето потекнува од богато семејство.

Двојката е заљубена и се обидува да го искористи максимално времето што може да го помине заедно, согласно нивните обврски. Заедно, тие често патуваат на разни луксузни дестинации низ целиот свет.

фото:Instagram printscreen/ unacolic

To top